Кодак повторно пред банкрот

Поранешниот фотографски гигант „Истман Кодак“, компанија со 133-годишна традиција, ги предупреди инвеститорите дека е во опасност од банкрот. Компанијата во својот извештај соопшти дека не може да го отплати долгот од приближно 500 милиони долари, со што се доведува во прашање нејзината способност да продолжи со работа.

​Компанијата „Истман Кодак“ е основана во 1892 година и со децении доминираше на пазарот, држејќи 90% од продажбата на филмови во САД во 70-тите години. Иронично, нејзиниот пад започна со технологијата што самата ја измисли – првиот дигитален фотоапарат, претставен во 1975 година. Неуспехот да се прилагоди на дигиталната ера ја доведе до банкрот во 2012 година со долг од 6,75 милијарди долари.

​И покрај мрачните прогнози, извршниот директор Џим Континенца тврди дека компанијата постигнала напредок. Портпаролот на компанијата исто така изјави дека се „уверени оти ќе можат да отплатат значителен дел од нивниот долгорочен заем“.

​Компанијата се обидува да собере пари со суспендирање на плаќањата во својот пензиски фонд и објави планови за проширување на својот фармацевтски бизнис, кој беше заживеан во 2020 година со договор со американската влада.

​Веста за ризикот од банкрот силно одекна на пазарот, а акциите на „Истман Кодак“ (KODK) паднаа за повеќе од 25%.

​„Кодак“ продолжува да произведува филмови и хемикалии, вклучително и за филмската индустрија.