Марјан Даскаловски, кандидат за градоначалник на Општина Струмица и предлог на СДСМ, не е ново име во јавниот и општински живот, тој долги години успешно ја извршува функцијата претседател на Советот на општина Струмица. Преку таа функција, Марјан беше гласот на граѓаните и нивна вистинска поддршка во секојдневните потреби.
Народот го знае како човек што никого не одбива, секогаш достапен, секогаш со решение, со разбирање и искрена желба да помогне. Без разлика дали се работи за личен проблем, за иницијатива од месната заедница или идеја за подобрување на градот, Марјан е тука. Со луѓето, за луѓето.
Неговото искуство од Советот, блискоста со граѓаните и длабокото познавање на сите сегменти од локалната самоуправа, го прават подготвен веднаш да застане на чело на Струмица. Тој знае што значи да се води општина, но уште повеќе, знае што значи да се води со срце.
Визијата на Марјан е јасна: напредна, безбедна и хумана Струмица, со развиена инфраструктура, грижа за младите, поддршка за семејствата, внимание за секој човек.