​Абдул-Селам Селами од НАИ ги објави личните контакти: Ќе бидам вашиот силен глас во Советот на Град Скопје

Носителот на листата од коалицијата НАИ (Национална алтернатива) за Советот на Град Скопје, Абдул-Селам Селами, им се обрати на граѓаните, објавувајќи ги својот личен телефонски број и е-адреса. Тој вети дека ќе биде „силниот глас“ на граѓаните во Градскиот совет и ги повика да го контактираат за сите проблеми што треба да се адресираат пред Советот.

​Селами, иако сè уште не го добил официјално мандатот, изјави дека сака да го исполни своето предизборно ветување и да биде директно достапен за граѓаните.

​„Како што ветив во изборната кампања, од денес ќе бидам вашиот силен глас во Градот Скопје, иако сè уште не сум го добил мандатот во Градскиот совет, јас сакав да ги споделам со вас, мојот телефонски број и мојата е-адреса, за сѐ што треба во Советот на Град Скопје јас како ваш претставник да направам за подобар Град!“, напиша Селами.

​Ги сподели следниве контакти:

– ​Личен телефонски број: 071 25 77 33

​- Е-адреса: Avduljselam.Selami@gmail.com

​Со пораката „Да го направиме подобар нашиот Град!“, Селами ја најави својата работа во Советот како директен претставник на граѓаните.