Нигерискиот напаѓач Адемола Лукман донесе одлука да ја напушти Аталанта и кариерата да ја продолжи во редовите на гигантот Интер.
Според информациите од италијанските медиуми, Лукман одбил неколку други понуди, а пред два дена јасно ставил до знаење дека неговата единствена желба е трансфер на „Џузепе Меаца“.
Интер веќе испратил официјална понуда од 55 милиони евра, со дополнителни бонуси. Преговорите се во завршна фаза, а се очекува Лукман во наредните денови да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со „нероазурите“.
Овој трансфер се најавува како едно од најголемите засилувања за Интер во тековниот преоден рок, особено по одличната сезона која Лукман ја имаше со Аталанта.