На првиот ден од престижната конференција Мако СИГРЕ 2025 во Охрид, се одржа панел дискусија на тема „Предизвиците на современите енергетски системи“, на која активен придонес даде и заменик генералниот директор на АД МЕПСО, Александар Пауновски.
По воведното обраќање на министерката за енергетика, Сања Божиновска, дискусијата се фокусираше на актуелните предизвици за операторите на електроенергетски системи. Главен акцент беше ставен на:
Енергетската транзиција.
Интеграцијата на обновливи извори.
Зголемената потреба од флексибилност и сигурност на системот.
Во панелот, покрај претставникот на МЕПСО, учествуваа и Горан Мајсторовиќ од СИГРЕ Хрватска и проф. д-р Мирко Тодоровски од ФЕИТ. Дискусијата беше модерирана од проф. д-р Александра Крколева Матеска од ФЕИТ.
АД МЕПСО истакна дека останува посветен на активна соработка, регионална размена на знаења и поддршка на професионалната заедница за стабилен и одржлив енергетски систем.