Акција на Финансиска полиција на повеќе локации за перење пари и даночно затајување

Управата за финансиска полиција утрово спроведува голема акција во општините Липково, Куманово и Желино. Претресите се поврзани со истрага за организирана криминална група, осомничена за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари.

​Според првичните сознанија, станува збор за компании што се занимаваат со трговија на нафтени деривати. Неофицијално, се проценува дека штетата од незаконските активности изнесува повеќе од 7 милиони евра.

​Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на акцијата.