Албанија е европски шампион во производство на обновлива енергија, со 99,3%, веднаш пред Норвешка со 99,1%, објави албанската владина Агенција за медиуми и информации (МИА).
Според Агенцијата, овие бројки се важен показател во време на глобални енергетски предизвици. Додека Албанија и Норвешка се приближуваат до 100% производство од обновливи извори, просекот на Европската Унија изнесува 42%.
На листата по Албанија и Норвешка следат:
Данска со 88,6%
Луксембург со 87,4%
Португалија со 78,6%