​Александар Џикиќ доби Орден на честа и 1 милион евра со репрезентацијата на Грузија

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ, доби високо признание во Грузија. Откако ја одведе репрезентацијата до четвртфиналето на Европското првенство, тој го доби Орденот на честа, на предлог на премиерот и претседателот на Парламентот.

​Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека Владата ќе го награди целиот тим со 1 милион евра. Истата сума ќе им биде доделена за секој нареден успех на првенството.

​„Бидејќи испишавме историја, сакаме да ја одбележиме на вистински начин“, рече Кобахидзе.

​Грузија во осминафиналето ја совлада Франција со 80:70, а во четвртфиналето, на 10 септември, ќе игра против Финска.