Алиу: Дигитализацијата на здравството е приоритет

​Министерот за здравство, Азир Алиу, активно учествуваше на 21-виот Конгрес на лекари, каде во фокусот на дискусијата беше дигитализацијата и новите технологии во здравствениот систем.

​За време на панелот „Solving Human Health“, министерот Алиу истакна дека граѓаните се технолошки подготвени за поголемо дигитално учество во здравството.

​„Наша цел се едноставни и практични решенија што ќе им донесат директна корист на пациентите: полесен пристап до податоци, навремени информации и заштита на нивните податоци. Системот ‘Мој Термин’, апликацијата ‘Мое Здравје’ и идните национални мрежи за радиологија и телемедицина се чекор напред во таа насока“, изјави министерот.

​На панел дискусијата учествуваше и Далибор Фртуниќ, извршен директор на СОРСИКС, кој нагласи дека дигитализацијата на здравството во Северна Македонија е на светско ниво.

​„Податоците што постојат се богатство кое ќе овозможи напредни чекори во вештачката интелигенција и ‘data-driven decision-making’, за бенефит и на системот и на клиничката пракса“, рече Фртуниќ.

​На панелот беше истакната потребата од:

  • ​Целосна интероперабилност на системите.
  • ​Поголема употреба на алатки за анализа и предвидување.
  • ​Воспоставување на национална радиолошка мрежа (PACS) и пилот-проекти за телемедицина.
  • ​Глобална соработка со меѓународни иницијативи.

​Преку новите дигитални решенија ќе се овозможи поефикасно управување со листите на чекање, следење на епидемиолошки состојби и поголема ефикасност на скрининг-програмите.