Алиу: Реализирани 1.250 вработувања, зголемени платите на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу, и заменик-министерот, Јовица Андовски, учествуваа на отворањето на 27. Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

​Во своето обраќање, министерот Алиу истакна дека во рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи. Паралелно со тоа, се спроведува и процесот на вработување на приватните специјализанти, со што се решава децениски егзистенцијален проблем.

​Алиу нагласи дека се извршило значајно зголемување на платите на сите здравствени работници за 4.815 денари нето, додека за медицинските сестри зголемувањето е дури 6.200 денари. Оваа мерка, според него, е суштинско вреднување на трудот на медицинскиот персонал.

​Заменик-министерот Андовски порача дека Министерството за здравство е отворено за соработка со синдикатот, со цел заедничко решавање на сите отворени прашања и подобрување на условите за работа на здравствените работници и грижата за пациентите.