Алијансата за Албанците ја напушта Владата: Таравари најави нова опозициска фаза

Алијансата за Албанците одлучи да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција. Претседателот на партијата, Арбен Таравари, вечерва на прес-конференција изјави дека оваа одлука е резултат на незадоволства поврзани со балансерот и Законот за јазиците.

„Одиме во опозиција со народот“, порача Таравари, истакнувајќи дека партијата се враќа кај граѓаните и дека ова е почеток на нова фаза во нивното политичко делување.

По двочасовниот состанок, раководството на партијата едногласно донесе одлука за напуштање на коалицијата, нагласувајќи дека Алијансата за Албанците останува посветена на своите принципи и ќе продолжи да дејствува како „уникатна политичка партија“ во опозициските редови.