Крилото на Алијанса за Албанците, предводено од Арбен Таравари, започна со подготовки за претстојните избори. Првиот изборен штаб беше отворен во Гостивар, а наскоро се очекува формирање на штабови и во другите општини.
Процесот официјално започна во Гостивар, каде што за претседател на изборниот штаб е назначен Исак Љазами. Тој ќе биде одговорен за организацијата и координацијата на изборните активности во општината. Според партијата, овој месец е планирано формирање на изборни штабови во сите ограноци на Алијансата.
Како најверојатен кандидат за градоначалник се споменува актуелниот вршител на должноста, Ваљбон Лимани. Според лидерот Таравари, Лимани е сериозен кандидат поради неговата посветеност и широка поддршка од граѓаните на Гостивар, кои го ценат неговиот ангажман и работа.