Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на социјалните мрежи објави фотографии од протестот во Шевенинген – Хаг, кој се одржа во поддршка на поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Во пораката што ја сподели, Ахмети нагласува дека борбата на ОВК била „праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет“. Според него, правдата за ослободителите не може да се гради врз „политички обвиненија и фабрикувани докази од Србија и Русија“.
„Денес, во Шевенинген – Хаг, заедно со иселениците и поранешните припадници на ОВК, уште еднаш беше потврдено дека нашата слобода не се суди“, напиша Ахмети.
Тој ја заврши објавата со пораката: „Слава на ОВК и на нејзините борци!“