Алкалоид против бундеслигашот Хановер во квалификациите за Европската лига

Ракометниот клуб Алкалоид ќе го направи следниот чекор на европската сцена, соочувајќи се со силниот германски тим Хановер во квалификациите за групната фаза од Европската лига.

​Откако минатата сезона ја освоија титулата во ЕХФ Европскиот Куп, момците на Кирил Лазаров ќе имаат тежок предизвик пред себе.

​Првиот натпревар ќе се одигра на 31 август на гостински терен, додека реваншот е закажан за 6 септември во салата „Автокоманда“.