Американската амбасада во Скопје одбележува 30 години партнерство

Американската амбасада во Скопје потсетува дека во април 2009 година се пресели од Булевар Илинден на улицата Самоилова, во објект кој, како што истакнуваат, е изграден не само од тули и камен, туку и од заеднички вредности, пријателство и доверба во иднината на Северна Македонија.

„Денес таа претставува симбол на силното партнерство и континуираната посветеност за заедничка соработка,“ порачаа од амбасадата.

Во објектот на Амбасадата, како што додаваат, може да се видат и уникатни дела на американски и македонски уметници. Изложбата е достапна и онлајн, на следниот линк.