Кандидатот за градоначалник на Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов – Ладич, во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, истакна дека четири години не дозволил отворање на рудник на Плавица поради веќе присутното загадување од тешката индустрија во општината.
Анастасов нагласи дека здравјето на граѓаните е над сѐ. „Во Пробиштип има тешка индустрија, неколку загадувачи, јас четири години не дозволив отворање на рудник на Плавица. Здравјето на граѓаните нема цена“, рече тој.
Рудникот „Плавица“ е предвиден да никне на северниот дел на Пробиштип, на потегот од Кратово. Според Анастасов, тоа би значело уште еден загадувач, што би бил шести по ред во градот.