Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов, преку својата нова програма најави значително подобрување на условите во образованието и директна финансиска поддршка за учениците. Анастасов нагласи дека посветената работа во изминатите години ќе продолжи со нови, амбициозни проекти.
Новата програма на Анастасов во делот на образованието предвидува:
- Субвенции за првачињата: Секое запишано прваче ќе добие 6.000 денари субвенција, како и ранец со целосен училишен прибор.
- Стипендии за средношколците: Секој запишан средношколец во прва година во Пробиштип ќе добие 3.000 денари стипендија.
- Бесплатни патувања: Сите полуматуранти ќе добијат 7-дневен летен одмор, додека сите матуранти ќе добијат бесплатно патување низ Европа.
Покрај финансиската поддршка, Анастасов најавува и големи инфраструктурни проекти во спортските објекти:
- Реконструкција на спортската сала во Злетово.
- Реконструкција на спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип.
Анастасов ја повикува јавноста да ја поддржи програмата, порачувајќи: „ПРОБИШТИП ЗА СИТЕ 5“.