Ангелов: Драматична состојба во Јасен, објектите на ЈП Јасен спасени од пожарот

​Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен повторно се активирал и се заканил на објектите на ЈП Јасен. Со брза и одлучна акција, огнот бил сопрен во нивна близина.

​Ангелов ја опиша состојбата како драматична, но истакна дека специјализираните возила, како што се „пинцгауери“ и „хермелини“, се покажале исклучително корисни во борбата против огнената стихија.

​Тој упати голема благодарност до сите кои учествуваат во гаснењето на пожарот: припадниците на Армијата, Полицијата, Волци, Ренџери и ЕБР, пожарникарите од Скопје, како и вработените во ЈП Јасен и Национални шуми. Посебна благодарност упати и до Илија Бојаровски за неговата пожртвуваност при документирањето на настаните.