Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, изјави дека почетниот пожар во Скопје е од палење кабли. Тој неофицијално добил информации дека на лицата што ги палеле каблите им било платено да подметнат пожар таа вечер, а потоа и следниот ден.
Во изјавата, Ангелов се осврна и на податоците од Обединетите нации (ОН) дека 25% од територијата на Македонија е зафатена од пожари. Тој ги нарече овие податоци „глупост“.
„Ова е глупост. Обединетите нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН“, рече Ангелов.
Според него, оваа година е изгорена помала површина од лани. „Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго“, додаде тој.