Шокантни вести пристигнуваат од Лондон, каде што англиската полиција спречи потенцијален масакр по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Челси и Фулам на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Во непосредна близина на стадионот, полицијата уапси маж кој планирал напад. Кај него биле пронајдени пушка, дополнителна муниција, заштитен елек и кацига, односно комплетна воена тактичка опрема.
Според достапните информации, полициските сили го забележале и реагирале пред да може да го изведе првиот истрел.
На натпреварот присуствуваа околу 40.000 гледачи. Во моментов, нема многу повеќе информации за инцидентот.