​Апасиев му одговори на Мицкоски: Официјалната ревизија го демантира премиерот

​Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи остро му возврати на премиерот, Христијан Мицкоски, кој претходно ги обвини него и кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, за наводно присвојување партиски пари.

​Во својата објава, Апасиев саркастично истакна дека официјална ревизија ги демантира тврдењата на Мицкоски, посочувајќи дека вистината е сосема поинаква од политичките напади.

​„Премиерот Мицика вика дека со Амар сме краделе пари од Партија. Ама РЕВИЗИЈАВА друго нешто вика!“, напиша Апасиев.