Апасиев ја почна кампањата: „Посери се на мицковизмот – гласај за Левица“

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обелодени еден од предизборните слогани на неговата партија: „Посери се на мицковизмот – гласај за Левица“.

​Партијата официјално ја започна својата изборна кампања со провокативен перформанс пред Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Членови на Левица оставија полна торба со импровизирани пари и телевизор.

​Поводот за овој перформанс е неодамнешната одлука на АВМУ со која партијата остана без можност за платено политичко рекламирање.