Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска објави дека Барути Љамалари, познат како командант Барути, се обидел да поднесе кривична пријава против неа за наводно насилство.
Според Арсовска, Љамалари тврдел дека таа го тепала, притоа поднесувајќи лекарски извештај од дигестивен хирург, во кој, по негово кажување, биле констатирани повреди на ногата.
Судот и обвинителството вчера ја одбиле кривичната пријава, но Арсовска изјави дека на утрешното рочиште за завршни зборови би сакала повторно да го слушне како ја раскажува случката.
„Такво време дојде ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“, напиша Арсовска.