Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на својот Фејсбук-профил објави дека Јулијана Спировска, претседателка на Управниот одбор на „Комунална хигиена“, е осудена за две тешки кривични дела и е поставена на позиција од ВМРО.
Арсовска се осврна на состојбата со хигиената во градот, порачувајќи му на Орце Ѓорѓиевски дека ако сака почист град, треба да ѝ се јави на Спировска.
„Иначе женава со кривично досие за ХАОСОТ што го предизвикува во Комунална хигиена, ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“, напиша Арсовска.
Таа ја обвини Државната изборна комисија (ДИК) дека со правилник го дерогира Законот и дозволува осудени лица да ги водат општините.
Арсовска нагласи дека сите управни и надзорни одбори во скопските јавни претпријатија, вклучувајќи ги и училишните одбори, се раководени од кадри на ВМРО и ВЛЕН. Таа истакна дека вработените во „Комунална хигиена“ работат макотрпно и се борат со „партиските демони на суетни самобендисани политичари“.