Арсовска потсетува: Проект од 2015 конечно реализиран пред две години

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи се потсети на значаен инфраструктурен проект, изградбата на фекалниот колектор кој го поврзува Чаир со натпатникот кај клучката Континентал, по кракот на булевар Александар Македонски.

„Од рубриката “А каде беше до сега?” и ‘Те немаше 3 години’, издвојуваме проект кој го реализиравме пред две години, иако беше најавуван уште во 2015“, напиша Арсовска.

Со изградбата на овој колектор, како што вели, конечно е решен проблемот со пренасочување на секундарната фекална канализација која до тогаш течеше низ атмосферскиот колектор. Отпадните води од населбите „155“, „Томе Стефановски – Сениќ“ и „Бајрам Шабани“ сега се пренасочени и одведени по соодветна линија, решавајќи долгогодишен еколошки и инфраструктурен проблем.

„Ова е пример за тоа како се работи, со резултати, а не со празни ветувања“, заклучува градоначалничката.