Арсовска со нова порака: Една жена сама наспроти сите нив е најголемата опасност за јакиве лидери

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, попладнево се огласи со остра порака на социјалните мрежи, упатена до политичките лидери и нивните соработници. Според неа, најголемата закана за „јакиве лидери“ е – една жена сама наспроти сите нив.

– Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат бидејќи народот гледа и реагира дека не постапуваат против криминалот – напиша Арсовска на својот профил на Фејсбук.

Таа ја критикуваше и медиумската поставеност, тврдејќи дека лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, добива поддршка во нападите кон неа.

– Денес му напишале три реченици на еден во штаб да ги прочита против мене, а Изет Меџити на Канал 5 го викнале на поправно интервју бидејќи на претходното излажа дека сум го тепала командант Барути. Да видиме вечер што ќе измисли. Подгответе се за нежно интервју без вистински прашања – додава Арсовска.

На крајот, градоначалничката прашува зошто, додека „спиела“, како што иронично наведува, не биле уапсени криминалците од редовите на ДУИ и од кругот на Зоран Заев.

Пораката на Арсовска доаѓа во време на засилена политичка реторика и интензивни медиумски преписки помеѓу актерите на македонската политичка сцена.