Атаман: Немаме решение за Јокиќ, но ќе се обидеме да ги сопреме неговите соиграчи

Пред вечерашниот натпревар помеѓу Турција и Србија во рамките на Еуробаскет, селекторот на турската репрезентација, Ергин Атаман, даде искрена изјава за предизвикот што го носи соочувањето со Никола Јокиќ, кој се смета за најдобар играч во светот.

​„Дали имаме решение за Јокиќ? Не“, рече Атаман и продолжи: „Ако сака, може да ни даде 50 поени, и ние сме свесни за тоа. Решението е да ги сопреме неговите соиграчи. Тука планираме да одиграме.“

​Турскиот стратег, исто така, изрази големи амбиции за турнирот, надевајќи се на повторно учество во финалето.

​„Сакам повторно да играм во финалето. Сакам да ја победам и Србија, не мора во групната фаза, туку во финалниот дуел“, изјави Атаман.