Атлетико го прогласи Хулијан Алварез за недопирлив: Клаузулата за „Пајакот“ е 500 милиони евра

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, експлодираше со формата во последните две кола, постигнувајќи хет-трик против Рајо Ваљекано и два гола во убедливата победа над Реал Мадрид. Популарниот „Арања“ (Пајак) веќе има шест гола на седум натпревари во Ла Лига оваа сезона.

​Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, не штедеше комплименти за Аргентинецот, кој минатото лето пристигна од Манчестер Сити во трансфер вреден до 95 милиони евра.

​Поради одличните настапи, голем е интересот за Алварез, вклучувајќи го и оној на Барселона. Од Атлетико на конкурентите им порачаа дека Аргентинецот е недопирлив.

​Иако Барселона покажува интерес, медиумите пренесуваат дека поранешниот напаѓач на Сити би можел да замине од Атлетико за не помалку од 200 милиони евра.

​Сепак, официјалните бројки покажуваат дека Алварез има договор со Атлетико до јуни 2030 година, а клаузулата за откуп на неговиот договор изнесува неверојатни 500 милиони евра.