Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поради преплет на цревата.
Како што информира директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, Гаши бил примен нешто по полноќ со интензивни болки во стомачниот предел. Состојбата моментно се следи внимателно, а пациентот е под постојан лекарски надзор.
„Се работи за преплет на цревата. Засега не е планирана хируршка интервенција. Пациентот се третира со медикаментозна терапија“, изјави д-р Костовски
Нема официјални информации колку долго Гаши ќе остане на болничко лекување, ниту дали здравствената состојба ќе има влијание врз неговото извршување на функцијата претседател на Собра нието.