Ахмети: Албанците не сакаат да ја делат Македонија, туку сакаат рамноправност

На партискиот собир на ДУИ во Чаир, претседателот Али Ахмети ги отфрли обвинувањата дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија, нарекувајќи ги „измислици на одредени политичари“.

​Тој нагласи дека ако постоела таква намера, таа можела да се реализира уште во 2001 година, кога имало „15.000 вооружени лица“.

​Ахмети порача дека ДУИ се залага за унитарна држава, во која сите граѓани ќе бидат рамноправни.

​„Не еден да биде аргат, а другиот ага. Ние не сакаме да живееме во сопствената земја како кираџии“, рече Ахмети.

​Тој додаде дека е потребна правна држава со истраги за приватизацијата и одговорност за поранешните функционери.

​По обраќањето на Ахмети, владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со своја реакција, наведувајќи дека ДУИ не само што не може да ја дели државата, туку нејзините функционери „може и да завршат во затвор за криминал“.

​Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека ДУИ се во очај што се враќаат на реториката од 2001 година, додавајќи дека за време на 23 години на власт, ДУИ учествувала во компромитирање на институциите и злоупотребување на етничките теми за лична корист.