​Ацевски: Буџетот на Ѓорче да не се полни со 30 нови висококатници, нудиме хуман развој

​Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, во дебата на МРТ изјави дека има клучни проекти за хуман развој на општината и дека е време за промени.

​Ацевски нагласи дека неговата визија е за „чиста и уредена општина“ со средени јавни и нови зелени површини, пешачки патеки и содржини за најмладите, како и градинки без листи на чекање.

​„Ѓорче Петров ќе биде општина каде урбанизацијата нема да биде синоним за бетонизација, ќе го запреме бетонирањето во општината“, порача Ацевски.

​Тој ја критикуваше досегашната политика, истакнувајќи: „Развоен буџет не е буџет кој се темели на изградба на згради, особено не со 30 висококатници во срцето на Ѓорче, тој буџет не е ни развоен, ни реален.“ Според него, постојано се менуваат плановите за нови згради, додека цели простори во општината немаат донесено Детални урбанистички планови (ДУП).