Ацевски: Во генот ни е да загинеме во борба, ама никогаш да не се предадеме

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, по објавувањето на резултатите од првиот круг од локалните избори, испрати кратка, но силна порака. Иако не успеа да победи, неговата објава сугерира на цврстина и непопуштање.

​Обраќајќи им се на оние кои се сомневале во изборот на моментот за неговата кандидатура, Ацевски напиша:

​„За сите оние што велеа не е време и зошто сега… Во генот ни е да загинеме во борба, ама никогаш да не се предадеме!“

​Неговата порака доаѓа откако во Општина Ѓорче Петров уште во првиот круг победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.