Ацевски: Граѓаните на Волково се заборавени од градоначалникот

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во денешното видео обраќање ја критикуваше состојбата на детските и спортските игралишта во Волково. Според него, тие се во катастрофално лоша состојба и ја покажуваат негрижата на актуелниот градоначалник Стојкоски.

Без средства за Волково

​Ацевски истакна дека иако е склучен договор во вредност од 11.260.000 денари за реконструкција и изградба на игралишта во општината, ниту денар не е предвиден за Волково.

​Тој вети дека ако биде избран за градоначалник, нема да издава дозволи за изградба на висококатници, туку ќе работи на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Ацевски најави дека во првата година од неговиот мандат ќе бидат обновени сите постоечки и изградени нови спортски и детски игралишта.