По повод големиот празник, кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, денес ги посети црковните храмови посветени на нашата заштитничка – Света Петка – во Црешево, Волково и Кучково.

Со оваа симболична посета, тој ја истакна важноста на негувањето на верата и традицијата како темел на заедништвото, слогата и солидарноста во нашата општина.
Ацевски порача: „Да останеме обединети и со почит кон вредностите што нè поврзуваат – само така можеме да изградиме подобро Ѓорче за сите.“