Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24, изјави дека проблемот со загадувањето во Ѓорче Петров не може да се реши со контроверзни мерки кои дополнително ја нарушуваат животната средина и хигиената.
Ацевски истакна дека загадувањето не може да се реши преку:
- „Изградба на хемиски фабрики во центарот на Ѓорче.“
- „Мега паркови изградени врз депонии без претходно да бидат соодветно исчистени.“
- Греење на училиштата со фосилни горива.
- „Создавањето на диви депонии“ и нивно стимулирање.
- Изнајмување на тримери и дувалки кои се плаќаат по 1.200 денари од час, што е во контраст со лошата хигиена во општината.
- Според Ацевски, вистинското решение за загадувањето и подобрување на квалитетот на живот лежи во конкретни мерки:
- Промена на начинот на загревање на училиштата и градинките со пумпи на принцип вода-вода.
- Чистење на дивите депонии.
- Навремено одржување на зеленилото и зелените површини.
- Ангажирање на сезонски работници кои навистина ќе работат, а не да се трошат 21 милион денари на „фигуративни работници“.