Ацевски: Стојковски, ти го најдов тефтерот, ама ветувања за Хром нема

Во ново, саркастично видео обраќање, кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, повторно го прозва својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојковски.

Овој пат, Ацевски ја стави под лупа состојбата во населбата Хром, за која вели дека е „потопена во ѓубре и заборавена од градоначалникот“.

Во пораката, тој саркастично вели дека го пронашол „тефтерот со ветувањата на Стојковски“ и прашува:

„Аце, да ти беа важни жителите од Хром, немаше да ги заборавиш цели четири години“.

Покрај проблемот со хигиената, Ацевски потсети и на контроверзната бетонизација на Хром, која, како што нагласи, предизвика револт и реакции кај локалното население.

Со ова ново видео, кандидатот на СДСМ ја продолжува кампањата во офанзивен стил, комбинирајќи теренски настапи со остри пораки кон актуелниот градоначалник.