А чекај, на Заев јахтата вие му ја купивте?

Секојдневно сме сведоци на политички препукувања кои, за жал, сè повеќе наликуваат на детска кавга во песок, отколку на сериозен политички дијалог. Популизмот цвета, секојдневно сме бомбардирани со изјави од типот „Еден збор немаат кажано“, „Вие сте криви“ или онаа позната реплика што се провлекува со години „А вие што направивте додека бевте?“.

Еве сега тие не се, Вие сте!

​Оваа колумна не е напад на ниту една политичка партија, туку обид да се сврти вниманието на нешто што секојдневно ни се случува, а ние како граѓани сме најодговорни за тоа. Како да се заборава на фактот дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, оние кои најгласни се во нападите, како да забораваат дека токму од нивните редови има лица кои поседуваат цели возни паркови, од камиони до авиони. Но, тоа никогаш не им пречи на оние кои ги бранат. Како да се менуваат стандардите, па за едни е дозволено да имаат, а за други не.

Но, ајде да не заборавиме и на фактот дека Заев веќе четири години нема никаква ни јавна ни политичка функција. Како е можно тој сè уште да биде крив за сиот политички неуспех? Како е можно да се префрла вината на некој што не е активен во политиката веќе три години?

​Исто така, како да забораваме дека Заев и пред да влезе во политика се занимавал со бизнис, и тоа е јавно познат факт. Неговата состојба не е нешто што се случило преку ноќ, туку е резултат на долгогодишно работење.

​Па, кога следен пат ќе слушнете некој функционер од ВМРО-ДПМНЕ како се жали за нечија јахта, а знае дека токму неговите колеги поседуваат возни паркови или пак луксузни авиони, сетете се дека вие сте тие кои го толерирате тоа. Како да забораваме на фактот дека и едните и другите живеат во луксуз, а ние како граѓани, едвај врзуваме крај со крај.

​Како граѓани, мора да почнеме да гледаме подалеку од носот. Мора да престанеме да се делиме на „наши“ и „ваши“ и да почнеме да бараме одговорност од сите, без разлика на нивната партиска припадност.

​И на крајот на денот колку што имам јас информации, бродот не е во сопственост на Заев, станува збор за изнајмено пловило, што секој помоќен бизнисмен може да го изнајми, како и што го прави тоа…

Пишува: Виктор