Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели (34) денеска е слободен играч, откако му истече едногодишниот договор со Џенова. Во интервју за „Газета дело Спорт“, Балотели открива дека бара нов клуб каде што ќе може да ја продолжи својата кариера.
„Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него“, изјави Балотели, кој утре ќе наполни 35 години.
Иако во текот на минатата сезона одигра само шест натпревари за Џенова, Балотели изрази жалење што не успеал да одигра повеќе натпревари за италијанската репрезентација.
„По сè низ што поминав, мислам дека можев да се потрудам повеќе. Жал ми е што повеќе не играв во репрезентацијата. Некои луѓе дури и не ме сакаа во репрезентацијата, но тоа е минато. Сега селектор е Џенаро Гатузо. Му посакувам се најдобро. Тој е личност која дефинитивно ќе го даде својот максимум“, рече Балотели.
За време на својата кариера, Балотели играше за 11 клубови, меѓу кои се Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Ница, а сега го бара својот 12-ти клуб.