Британскиот јавен сервис Би-Би-Си (BBC) синоќа официјално му се извини на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за монтажа на негов говор во документарец. Монтажата создала впечаток дека Трамп се залага за насилство, што го натера поранешниот претседател да се закани со тужба од милијарда долари.
Би-Би-Си соопшти дека директорот Самир Шах испратил писмо до Белата куќа во кое јасно му се извинува на Трамп во име на компанијата, додавајќи дека нема планови документарецот да биде реемитуван.
„Иако Би-би-си искрено жали за начинот на кој е монтиран клипот, цврсто веруваме дека нема основа за тужба за клевета“, соопштија од Би-Би-Си, обидувајќи се да ја отстранат заканата од судска постапка.
Скандалот избувна по протекувањето на внатрешни обвинувања за пристрасност во Би-Би-Си, вклучително и начинот на кој говорот на Трамп од 2021 година бил монтиран на денот кога неговите поддржувачи го преплавија Капитол.
Веднаш по објавувањето на скандалот, генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка на Би-Би-Си њуз, Дебора Тернес, поднесоа оставки.