Без визи за Емиратите –Премиерот Мицкоски најави нова олеснувачка мерка за граѓаните

По последната официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави важна вест: Емиратите ја укинуваат визната обврска за македонските граѓани.

„На наше барање, ОАЕ донесоа одлука да ги укинат визите за нашите граѓани. Ова е првиот конкретен резултат од нашата посета таму,“ напиша Мицкоски.

Тој додаде дека оваа мерка ќе овозможи полесно и послободно патување, ќе го зајакне економското поврзување и ќе придонесе за продлабочување на партнерството меѓу двете земји.

„Секојдневно се бориме да донесеме позитивни промени и да го подобриме животот на нашите граѓани,“ истакна премиерот.