Беласица чекори кон врвот, нова победа над Детонит

Во дербито на второлигашкото коло, екипата на Беласица вечерва во Струмица оствари минимална победа над Детонит Плачковица со резултат 1:0. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 36. минута од страна на Спиркоски, по брз контранапад на домашниот тим.

​Со оваа победа, Беласица ја продолжи својата серија без пораз во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и се наоѓа на делба на првото место на табелата со 10 бодови, колку што имаат и екипите на Кожуф, Шкендија Арачиново и Брегалница.