Бети Стаменковска-Трајковска во изборната битка за Кисела Вода по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

​Партијата ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за уште шест општини. Помеѓу нив се и Кисела Вода, каде кандидатка ќе биде Бети Стаменковска-Трајковска, и Кочани, каде партијата ќе застане зад натпартискиот кандидат, д-р Влатко Грозданов.

​За другите четири општини, објавени се следните кандидати:

  • ​Старо Нагоричане – Мирослав Славковски
  • ​Дојран – Илија Пендов
  • ​Долнени – Сашко Велјановски
  • ​Ранковце – Даниел Павловски

​Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека сите кандидати биле избрани преку транспарентен процес и дека уживаат силна поддршка во партиските анализи.

​„ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за локалните избори како никогаш досега. Сите кандидати се избрани на транспарентен процес. Секој е чесен, познат и почитуван од средината во која живее. Тие се луѓе кои имаат енергија за работа и се посветени на развој на општините“, изјави Митева на прес-конференцијата по седницата на ИК на партијата.