Бизарна статистика за Манчестер Сити: Стоперот на Барнли, Максим Естеве, втор стрелец на „Граѓаните“

Манчестер Сити не ја започна сезоната во Премиер лигата според очекувањата, забележувајќи два порази и заостанувајќи пет бода зад лидерот Ливерпул.

​Сепак, она што може да го радува тренерот Пеп Гвардиола се офанзивните перформанси – по шест кола Сити е најдобар во лигата според бројот на постигнати голови. Но, токму во таа статистика се крие една бизарна ситуација:

​Втор најдобар стрелец во таборот на „Граѓаните“ е стоперот на Барнли, Максим Естеве!

​Минатиот викенд, во убедливиот триумф на Манчестер Сити од 5:1, Естеве постигна два авто-гола. Со тоа, тој ги престигна четворицата играчи на Сити кои досега имаат постигнато само еден гол оваа сезона.

​На прво место на листата на стрелци, секако, е Ерлинг Халанд, кој е водечки голгетер во целата Премиер лига со осум постигнати гола.

​Следниот предизвик за Манчестер Сити е гостувањето кај Брентфорд на 5 октомври во 17:30 часот.