Бомбашка закана во Скопје: Евакуирани згради околу Плоштадот ВМРО поради сомнителен куфер

Поради сомнителен куфер оставен на Плоштадот ВМРО во строгиот центар на Скопје, каде што се наоѓа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се евакуирани сите околни згради.

​Вработените од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), чија зграда е веднаш до „белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, изјавија дека им било наредено веднаш да ја напуштат зградата поради закана за бомба.

​Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдуваат инцидентот е пријавен денеска во 12:55 часот. Лице од обезбедувањето на ЈПДП пријавило дека на видео надзорот пред канцелариите на Плоштадот ВМРО биле забележани две лица како го разгледуваат местото, при што едно од лицата оставило куфер.

​Полицијата презема мерки за проверка на содржината на куферот и обезбедување на локацијата.