Екипата на Интер забележа убедлива победа против Кремонезе во рамките на шестото коло од Серија А, славејќи со резултат 4:1 на „Џузепе Меаца“. Со оваа, четврта победа во сезоната, Интер полека фаќа приклучок со водечките тимови на табелата.
Во победата блескаше поранешниот напаѓач на Парма, Бони, кој беше вклучен во три од четирите погодоци.
Во 6. минута, капитенот Лаутаро Мартинез го отвори резултатот по асистенција на Бони.
Набргу потоа, Бони самиот успеа да зголеми на 2:0.
Во второто полувреме, Бони беше асистент за Димарко во 55. минута и за Барела во 57. минута, поставувајќи го резултатот на 4:0.
Во самиот финиш на натпреварот, Бонацоли го постигна почесниот гол за Кремонезе.
За Кремонезе, ова беше прв пораз во Серија А, по одличниот старт со две победи во првите две кола и три последователни нерешени резултати.