Борац го победи Сараево со 5:1, Стефан Ристовски незадоволен од судењето

Фудбалскиот клуб Сараево, чиј дрес го носи поранешниот македонски репрезентативен капитен Стефан Ристовски, претрпе тежок пораз од 5:1 на гостувањето кај Борац во Бања Лука, во петтото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

​Медиумите и навивачите на Сараево се фокусираа на контроверзното судење на Сабри Топаловиќ. Клучниот момент се случи кога, при резултат 2:1 за Борац, беше поништен гол на Сараево за израмнување на 2:2. ВАР-системот процени дека во текот на акцијата еден од играчите на Сараево, Михаел Млинариќ, играл со рака. Ситуацијата се влоши во 64-тата минута, кога Момоду Џата доби црвен картон, а Сараево остана со играч помалку.

​Стефан Ристовски, кој ги одигра сите 90 минути, веднаш по натпреварот го изрази своето незадоволство на Инстаграм. Тој објави: „Добредојдовте во аматерската Премиер лига. (Да живее Тито)“, но набрзо ја избриша објавата.