Легендата на македонскиот фудбал и поранешен селектор, Бошко Ѓуровски, се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ во Белград.
Присутните веднаш му пружиле помош, по што тој брзо се освестил. Првичните информации се охрабрувачки, бидејќи немало сериозни здравствени последици. Според неофицијални извори, Ѓуровски доживеал моментален колапс поради големата потресеност.
Ѓуровски, кој му беше тренер на Миловановиќ, присуствуваше на комеморацијата за поранешниот капитен на Црвена звезда, кој почина на 42-годишна возраст.