Браќата Илиевски ќе го судат дербито Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер

Македонските ракометни судии, браќата Методија и Михајло Илиевски, ја добија одговорноста да ја делат правдата на големото македонско дерби помеѓу Вардар 1961 и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

​Ова ќе биде прва можност во кариерата за браќата Илиевски да го судат најважниот ракометен натпревар во Македонија.

​Дерби пресметката од петтото суперлигашко коло се игра утревечер во салата „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток во 19:00 часот. Вардар во моментов има еден бод предност на табелата пред Еурофарм Пелистер.