Брутално убиство во Кавадарци: Брат си го убил братот и го закопал во дворот

Семејна трагедија го потресе Кавадарци откако Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава за убиство против 43-годишниот С.И. од Кавадарци, осомничен дека на 27 јули 2025 година го убил својот брат И.И. (42) и потоа го закопал телото во помошен објект во семејниот двор.

Настанот излезе на виделина вчера, кога нивната сестра В.О. (44) пријавила исчезнување на И.И., а потоа и открила сомнителен ископ покриен со ровка земја во дворот. Откако на местото пристигнале јавен обвинител, полиција и форензичари, телото било пронајдено закопано во дупката, а по наредба на обвинител, испратено е на обдукција.

Истиот ден, по собрани докази и координација со обвинителството, С.И. бил уапсен, а при разговор со надлежните, го признал делото. Според првичните информации, убиството било извршено со метален предмет.

Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот, кој ја потресе јавноста со својата бруталност и трагичност.