Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

Кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од СДСМ, Александар Бузлевски, одржа трибина во Ресен, повикувајќи на поддршка за урбана општина со чесна, транспарентна и посветена работа за секој граѓанин.

​Бузлевски истакна дека Ресен стои на раскрсница и му е потребен човек кој го слуша гласот на граѓаните и ја дели истата љубов и болка за Преспа и Преспанското Езеро.

​„Јас не ветувам невозможни проекти, туку чесна, транспарентна и посветена работа за секој граѓанин“, порача Бузлевски.

​Кандидатот најави детален план за развој на општината во следните 5 до 10 години, со визија и конкретни чекори во повеќе клучни области.

​Клучните точки во визијата за урбана општина се:

  • ​Поддршка за земјоделците.
  • ​Изградба на агроканализација и нови бунари.
  • ​Реконструкција на водоводната мрежа и стабилно водоснабдување.
  • ​Средени училишта, униформи за учениците и стипендии за талентирани деца.
  • ​Стратегија за развој на туризмот.
  • ​Поддршка за спортските клубови и создавање младински совет.
  • ​Бесплатни дигитални обуки.
  • ​Чистење на дивите депонии и зголемување на зеленилото (Преспа без отпад).
  • ​Служби за домашна нега на стари и болни лица.
  • ​Паркови за пензионери, поддршка за семејства во ризик и достапни јавни простори.

​Бузлевски порача дека неговата победа ќе биде „победа на тивкиот, чесен, обичен народ од Преспа“ кој сака промени и иднина дома.